Втор DH натпревар на Пелистер - Битола 27-28.06.2009..

На 27-28.06.2009 се одржа втората по ред (трета во Македонија) спуст трка со планински велоспиеди (Downhill). Подготовките на стазата се одржуваа речиси цели два месеци. Напорно работеа членовите од Extreme Bike клубот, и вљубениците во спортот.На крајот добивме патека направена според светските норми за downhill. Започнуваше од планинарскиот дом Копанки (1636м.н.в) со стрмен дел, каде што има корења и камења, парче каде што се достигнува брзина од 40km/h, кривини, теренски скокчиња, па се до долниот калив дел кој водеше до целта, каде што беше поставен и крајниот скок на скијачкиот терен веднаш до детското одмаралиште(1320м.н.в) со должина од 1,87 km. Последните денови пред трката максимално ги искористивме за возење и тренирање по стазата, се до предпоследниот ден кога се одвиваа последните подготовки и пријавувањето за трката. Следниот ден беше искористен за официален тренинг за сите пријавени и исто така за квалификациите, на кои секој постигна свој временски интервал, возејќи ја целата патека, а потоа според нив беше направена стартната листа, а возачите беа поделени во две категории hardtail и fullsuspension, односно велосипеди со еден амортизер (само на предното тркало) и велосипеди со целосна амортизација. Денот помина во најдобро светло, без повреди и кршење на велосипеди. Вечерта имаше вечера и забава со сите гости во детското летувалиште. на 28-ми се одвиваа последните тренинзи пред трката, кога ненадејно заврна силен дожд кој траеше не повеќе од половина час, но беше доволен за целата стаза да стане многу потешка за возење. Сепак, учесниците останаа до крај. Трката се одложи за еден сат покасно од предвидениот термин. Започнавме во еден часот. Први започнаа учесниците од hardtail категоријата во која прв тргна најмладиот учесник Филип Трајчевски од Битола. Завшивме со fullsuspension категоријата. На целта за секој учесник следеше освежителен енергетски пијалок од главниот спонзор на екстремните спортови RedBull, а имаше и други разни јадења и пијалаци за публиката и секако добра музика. На крајот имаше само двајца повредени, а еден учесник доброволно се откажа поради неисправност на велосипедот, земено во глобала, трката помина во најдобро светло со одлична организација и со многу пофалби од гостите кои беа дојдени од соседна Бугарија и Скопје. Победниците беа наградени со награди и им беа врачени пехари, а за најмладиот учесник беше доделен вредносен бон од 2000 денари. И секако да не го заборавиме најстариот учесник Андреј Нашоку.Поздрав до негоSmile

 

Еве ги и резултатите од трката:

Резултати Fulsuspension:

FULLSUSPENSION

RNK

NUMBER

TIME

1 Rosen Kovacev

11

3:14.34

2 Dimitar Gaidov

12

3:22.31

3 Goko Ristik

52

3:27.47

4 Kamen Netkov

42

3:31.93

5 Andrej Dimov

49

3:33.02

6 Stefan Vasilev

15

3:38.65

7 Pavle Veljanovski

01

3:44.67

8 Svetoslav Dimitrov

33

3:48.47

9 Simeon Stoilov

28

3:50.19

10 Dejan Zdravkovski

04

3:52.65

11 Hristo Tanev

26

4:02.75

12 Ivan Kuzmanovski

19

4:04.55

13 Antonio Dimovski

44

4:07.77

14 Andrej Nasoku

22

4:10.55

15 Goran Ristev

13

4:55.86

16 Bojan Nauncevski

03

6:05.22

17 Goran Damcevski

08

00:00.0

Резултати Hardtail:

HARDTAIL

RNK

NUMBER

TIME

1 Nikola Terzievski

51

4:08.50

2 Rade Jankulovski

07

4:18.65

3 Daniel Davcev

32

4:20.00

4 Stefan Dadik

48

4:22.79

5 Borce Mickov

06

5:26.93

6 Tome Talevski

10

5:41.24

7 Gorgi Kamberski

24

5:46.10

8 Ivica Zdravevski

29

5:59.03

9 Stefan Josifovski

05

6:06.75

10 Anastas Petrovski

21

6:10.66

11 Petar Geras

27

6:36.30

12 Filip Trajcevski

02

7:49.65

13 Marjan Nasoku

30

00:00.0

14 Jovce Daskalovski

50

00:00.00

15 Aleksandar Fidanovski

09

00:00.00

 

2009-09-10 15:18:03

Коментари:
aleksandar

bravos za site
2009-09-26 21:14:34